Заев: Вилма и мене ми пречеше пред пет или седум години, но кој мене ме прашува

Премиерот Зоран Заев денес на Прес конференција која ја одржа во Владата, од новинарот на Српска Политика доби прашање околу неговата најава на претходната прес конференција, на која изјави дека СЈО ќе влезе во постоечкото ЈО и ќе биде под раководство на Вилма Рускоска:

-Како вие како Премиер ја назначувате Вилма Рускоска за шефица на идното СЈО, кога вие не раководите со обвинителството, праша новинарот.

Премиерот Заев одговори дека тој никогаш не изјавил дека ја назначува Русковска за шефица на идното СЈО, туку, тој само изјавил дека во моментов Русковска е де факто шефица на одделението за организиран криминал во рамките на Јавното Обвинителство:

-Во моментов Рускоска е шефица на тоа одделение. Во иднина, секој кој сака може да се кандидира за таа функција. Вилма и мене ми пречеше пред пет или седум години, но кој мене ме прашува, изјави Заев.

Премиерот појасни дека не знае дали ќе има специјално судско одделение во Кривичниот суд кое е предвидено со измените во Законот за обвинителство кои поминаа на Влада.

Total
0
Shares
Поврзани објави