Заев: Владата ќе даде пола милион евра награда за Вардар (фото галерија)

Добредојде за Вардар, за играчите и за управата, во Владата. Ви честитам за титулата европски шампион. Ви благодарам за среќата и радоста кои ни ги приредивте. Вие сте шампиони на нашите срца! ❤️🖤❤️🖤❤️🖤

Среќни сме што постои клубот и сакаме да опстане. Затоа, ќе предложам на седница на Влада да доделиме 500.000 евра како награда за постигнатиот успех, а дополнителни 100.000 евра ќе додели и Агенцијата за млади и спорт.

И веднаш, уште од денеска се посветуваме на мерките кои ќе ги преземеме за стабилност на клубот на исто ниво на кое е сега, но и за развој и успешна иднина понатаму.

Ќе се посветиме да изнајдеме начин за натамошната работа преку законски решенија и со помош на државните институции.

Вие им носите радост на граѓаните, а државата ќе возврати со влог во иднината на македонскиот ракомет и македонскиот спорт.

Честитки Вардаре!

Порака од Премиерот Зоран Заев

Total
0
Shares
Поврзани објави