Загина работник на ЕВН по пад од далновод

Вработен во електродистрибутивната компанија ЕВН загинал денеска околу 9.30 часот откако паднал од далновод во близина на тетовското село Џепчиште.

– Во СВР Тетово околу 9.30 часот вработен во ЕВН пријавил дека неговиот колега Д.С (43) вршејќи интервенција односно отстранување на дефект на далновод паднал и починал. Повикана е итна медицинска помош која констатирала смрт – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во тек е увид кој го започнаа да го вршат јавен обвинител и службите на СВР Тетово.

Total
0
Shares
Поврзани објави