Загина уште еден моторџија во Охрид, удрил во пешак и во ограда од куќа

Во сообраќајна несреќа што се случи попладнево околу 18 часот на улицата Абас Емин, загина моторциклист.

Како што неофицијајно дознаваме моторциклистот изгубил контрола над возилото, удрил во минувач, па во автобил, по што со голема брзина се забил во ограда од куќа. Повредите биле фатални.

СВР Охрид ја потврди информацијата за немилиот настан. Оттаму посочуваат дека во несреќата со повреди се здобил и пешакот.

Според првичните информации загинал охриганецот Стојан И. а возел скутер по раскопана улица.

Total
0
Shares
Поврзани објави