Захариева, без решение за спорните прашања нема преговори со ЕУ

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева ја исклучи можноста нејзината земја да поддржи почеток на преговори на Соверна Македонија со Европската унија без да се најде решение за спорните прашања.

Захариева за телевизијата БТВ изјавила дека Бугарија ги поддржува земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ, но нагласи дека бугарската поддршката за С Македонија никогаш не била безусловна.

„Постои Договор за пријателство и добрососедство, кој беше потпишан во 2017 година, но одредбите не се спроведуваат. Во Скопје се обидуваат да избегаат од тоа. Во последните месеци Бугарија неколку пати најави дека е можно да не ја одобри првата меѓувладина конференција или преговарачката рамка меѓу Северна Македонија и ЕУ“, изјави Захариева.

Таа исклучува секаква можност Бугарија во последен момент да го смени ставот без да има добра волја за спроведување на Договорот за добрососедство.

„И покрај шпекулациите, ние немаме никакви претензии за тоа како да се определат нејзините граѓани и нивниот јазик. Договорот предвидува дека имаме заедничка историја“, вели Захариева.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Заев: Снимките се веројатно разговори опозицијата од албанскиот блок на партии, кога се убедувавме и објаснувавме со групата од осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ зошто е важно да се донесе Законот за јавно обвинителство

Press24: Зошто беше толку важно носењето на овој Закон, опозицијата во него препознава обид за заштита на актуелните…