Занаетчиите бараат итна помош, транспортерите очекуваат уште поголеми загуби

Занаетчиите бараат Владата да најде начин финснсиски да им помогне и ним, бидејќи во спротивно ќе бидат принудени да престанат со работа. Велат дека ги чувствуваат последиците од кризата уште од првиот ден, затоа што граѓаните речиси и да не ги користат нивните услуги. Бараат владините мерки да важат и за нив, да добиваат субвенции на плати и придонеси, но и да може да аплицираат за бескаматните кредити. Во земјава има околу 5.800 занаетчии и уште 3.300 други вработени во оваа дејност.

Секојдневно растат проблемите и на транспортерите. Загубите допрва ќе ги бројат, па затоа бараат итно одлагање на обврските по основ на кредити и лизинг. Велат дека освен финансиски проблеми, се соочуваат и со застој во работата.

Стопанствениците веќе со денови алармираат дека државата мора итно да интервенира и да вбризга пари во реалната економија, бидејќи проблемите на компаниите секој ден стануваат сè поголеми. Деновиве Владата треба да излезе со втор пакет мерки за помош на стопанството. Со првиот пакет беа обезбедени 5,7 милиони евра за бескаматни кредити за најпогодените сектори, но за овие пари сè уште трае рокот за аплицирање.

Total
0
Shares
Поврзани објави