ФОТО: Запленети 11 килограми марихуана

Денска на излез од државта на границата кај Богордица за царинска контрола се пријавило патничко моторно возило Мерцедес со албански регистарски ознаки, управувано од албански државјанин.

Возилото било селектирано од мобилен царински тим за детална царинска контрола. Во левата и десната страна на багажниот простор во внатрешноста на носечките шини кои се протегаат од задниот браник до задните седишта споени со специјално направен бункер над резервоарот за гориво, пронајдени се 13 паковки облепени со кафена селотејп трака наполнети со марихуана.

Вкупната бруто тежина на паковките е околу 11 килограми.

Царинската управа на Република Северна Македонија до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава, заради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело по член 215 ст. 1 и 7 од КЗ, „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“


Total
0
Shares
Поврзани објави