Запленети 45 килограми марихуана

На граничниот премин Богородица, на излез од државта, на 6 октомври 2019 година запленети се околу 45 килограми марихуана.Имено, на 6 октомври 2019 година, околу 11:00 часот, на излез од државата на граничниот премин Богородица, се пријавило патничко моторно возило со албански регистарски ознаки, управувано од А. М.(44) државјанин на Република Албанија, во кое како сопатник патувал и неговиот осумнаесет годишен син. По пристигање на граничниот премин, возилото од страна на царинските службеници било селектирано за детална контрола,при што под седиштата од возилото се пронајдени три специјално изработени простори за криење на стока- бункери, во кои се пронајдени 45 пакувања завиткани со ПВЦ фолија наполнети со марихуана со тежина од околу 45 килограми.

Осомничениот изјавил дека дрогата ја набавил во Албанија, а нејзината вредност на турскиот нарко пазар би достигнала од 140.000 до 180.000 ЕУР.

Осомничените се лишени од слобода и истите ќе бидат предадени во Основниот суд Велес, а Царинската управа на Република Северна Македонија до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава, заради постоење на основано сомнение дека сториле по едно кривично дело по член 215 ст. 1 и 7 од КЗ, „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Total
0
Shares
Поврзани објави