Затната цевка ги остави без вода тетовци

Тетово денес повторно се соочува со прекин во водоснабдувањето, а пак во прашање е водоводна цевка Ф300 на улицата „Цветан Димов“, но од комуналното претријатие образложуваат дека интервенциите се од помал карактер и нема да има поголеми проблеми. 

Станува збор за затнување на цевката поради изведувањето на работите минатата недела.

-Откако мината недела поради пукање на цевките имаше потреба од нивна замена, сега оваа недела се појавија затнувања на одредени места поради навлезени наноси при изведување на работите. Тоа се случи на цевководот со Ф300 цевка од Шарена џамија преку дворот на порнашено медицинско училиште и на улицата „Цветан Димов“ кај Архивот“, изјавил изјави Љуљзим Шаќири, раководител на водотехничката лабораторија при Водовод и канализација на јавното комунално претријатие „Тетово“.

Тој објасни дека редукторот со заштитна мрежа кај медицинското помогнал да се детектира проблемот.

„Таму се врши потребната интервенција но овој пат таа треба да трае многу пократко од минатата недела, Водоснабдувањето е прекинато од 15 часот кај градските резервоари за сите потрошувачи и проценките се дека ќе трае до 18 часот. Нормализирањето кај сите потрошувачи се очекувате во текот на вечерта“, додал Шаќири. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави