Затворениците од Идризово бараат масовно тестирање за корона

Затворениците во Идризово бараат масовно тестирање бидејќи последните денови бројот на заразени од ковид 19 во затворот значително се зголеми. Тие бараат превентивни мерки, а се жалат и на начинот на лекување на заболените и на недостаток на хигиенски препарати.

„Бараме од директорот и од Владата да не тестираат сите што сме во карантин од 17 – ти. Да направиме тестови и да знаеме кој е позитивен, а кој негативен, да не чекаме сите да бидат заразени. Од 60 лица во ова одделение, девет од нив се заразени“, изјавил за Алсат-М, затвореникот, Исмаил Аќеми

Тој го негира директорот на затворот дека вирусот во затворот навлегол од посетите, туку вирусот навлегол од пренесените од Куманово кои биле донесени без протоколи и без изолација.

Третманот го определуваат затворските лекари, но затворениците го осудуваат начинот на лекување. Според нив, во затворот неопходните протоколи не се почитуваат, додека голем дел од затворениците се плашат да ги кажат своите симптоми поради условите во кои се лекуваат.

Директорот на затворот Идризово, Јовица Стојановиќ, денеска не беше достапен за коментар.

Total
0
Shares
Поврзани објави