Затворот Шутка вработува Срби Албанци Роми , некои веќе вработени !

Затворот Скопје објави оглас за вработување нови заповедници или други структури од затворската полиција. Во огласот за одредени позиции е назначено дека освен стручната спрема мора да бидат од одредена националност. Во затворот за позирцијата на кој треба да конкурираат Срби веќе има вработен од таа нациналност и тоа само еден. За позицијата се бараат и посебни услови односно каднидатот да има и Воено технички науки , а овој услов го исполнува токму едниот Србин вработен во затворот.
И за останатите места дел се вработени. Вкупно на огласот се бараат 16 лица , но не е сигурно дали ќе дојдат од надвор или дел од установата ќе добијат унапредувања.

ВО ПРИЛОГ ОГЛЕСОТ ОБЈАВЕН ОД ДИРЕКТОРОТ НА ЗАТВОР СКОПЈЕ познат како Шутка

ЈАВЕН ОГЛАС
за вработувања во КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ Скопје
бр. 0401-6865/1 од 07. 12. 2018 година

I КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ Скопје има потреба од вработување на 16 шеснаесет лица на неопределено време, припадници назатворскаполиција од групата II службени лица со посебни овластувања, подгрупа 4 овластено службено лице во казненопоправните и воспитно поправните установи, и тоа на следниве работни места:

1 Заменик Заповедник на ЗАТВОРСКА ПОЛИЦИЈА Раководен припадник на затворска полиција од второ ниво, со звањеЗаменик Заповедник, категорија A и шифра на работно место ЗАТ0204A02001 -1 (еден) извршител НАГ10МЕНА:Согласно Годишниот план за вработување на установата за 2018 година, националност1Србин/ка

2. Виш надзорник за внатрешно и надворешно обезбедување Помошностручен припадник на затворска полиција од прво ниво, со звањеВиш надзорник, категорија В и шифра на работно место ЗАТ 0204B01001 7(седум) извршители

НАГ10МЕНА:Согласно Годишниот план за вработување на установата за 2018 година, националност5Албанци/ки: 1Турчин/ка и 1Ром/ка 3. Помлад надзорникза внатрешно и надворешно обезбедувањеПомошностручен припадник на затворска полиција од четврто ниво, со звањеПомлад надзорник, категорија В и шифра на работно место ЗАТ 0204B04001 -8 (осум) извршители

НАПОМЕНА:Согласно Годишниот план за вработување на установата за2018година, националност 6Албанци/ки; 1Друг/аи 1Ром/ка

II Општи услови:
да е државјанин на Република Македонија;
активно да го користи македонскиот јазик;
да е полнолетен;
да има општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

III -Посебни услови за работните местоа:
За работното место под реден број 1:

ниво на квалификациите VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Машинство, Безбедност или Воено технички науки;
најмалку пет години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во казнено поправните и воспитно поправните установи;

За работното место под реден број 2:
ниво на квалификации V A или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити, според ЕЦБЕТ или МКСОО или најмалку вишо, гимназиско образование или средно стручно образование;

најмалку три години работно искуство во струката;

За работното место под реден број 3:
ниво на квалификации V A или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити, според ЕЦБЕТ или МКСОО или најмалку вишо, гимназиско образование или средно стручно образование;
без работно искуство;

IVДруги посебни услови:

За сите огласени работни места, Возачка дозвола, Б Категорија

V Потребни документи:
Пријава за вработувањесе превзема од веб страната на КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ Скопје -www.kpuzatvorskopje.gov.mk
доказ/уверение задржавјанство;
доказ/диплома/сведителство за завршено образование;
извод од матична книга на родените;
доказ за општа здравствена способност за работното место (не постар од шест месеци);
доказ дека не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење професија, дејност или должност (не постар од шест месеци);
доказ за работно искуство во струката (за кандидатите за работно место подред број 1 и за работното место под реден број 2)
доказ за поседување на важечка возачка дозвола, Б Категорија

VI Распоред на работно време: работа во смени, работни часови неделно 40
Паричен бруто износ на плата за работно место под ред. бр. 1 е: 46.540, 00 денари;

Паричен бруто износ на плата за работно место под ред. бр. 2 е: 33.255, 00 денари;

Паричен бруто износ на плата за работно место под ред. бр. 3 е: 28.416, 00 денари;

VII. Рокот за пријавување: изнесува 15 петнаесет дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневните весници и на web страната.

Кандидатите се должни сите документи да ги доствата во оргинал или фотокопија заверена на нотар.

Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на припадник на затворска полиција.

Фаза 1 административна селекција
Фаза 2 интервју

VIII. Начин надостава на документите/пријаватаите: во затворен коверт директно во архивата на КПУ ЗАТВОРСКОПЈЕ Скопје или по пошта на адреса: КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ Скопје ул. Индира Ганди бр. 1 1, општ. Шуто ОризариСкопје (со назнака „за оглас за вработување бр. 040 16865/1 од 07. 12. 2018 година и задолжително наведен податок за работното место за кое се аплицира, пр. за работно место под реден број 1/реден број 2/ реден број 3)

IX. Пријавите што нема да бидат поднесени на наведениот начин и во утврдениот рок ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и нема да се разгледуваат.

X. Во законски рок од денот на донесувањето на одлуката за избор, пријавените кандидати кои не се избрани писмено ќе бидат известени за извршениот избор.

XI. Огласот ќе биде објавен во дневните весници “Нова Македонија” “Слободен печат” и “Лајм” и на web страната на КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ Скопје www. kpuzatvorskopje. gov.mk.

Директорна КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ Скопје,
Ѓоко Котевски

Total
0
Shares
Поврзани објави