Затворската полиција утре излегува на протест

Затворската полиција по писмото упатено до надлежните од кои ги бараат своите права и дополнителни вработувањата поради загрозената безбедност во затворите особено во затворот Идризово , утре ќе протестираат по улиците на Скопје.
“Колеги , дојде крајот на нашето трпение во врска со сите случувања повразни со Затворската полиција. Затоа понеделник синдикатот почнува со финални протести за конечно решавање и потпишување како на Колективниот договор исто и за законот за Санкции”, соопштија од затворската полиција.
Протестот ќе биде со автомобили во колона од 10 часот пред зградата на МТВ со движење кон Владата и прес во 11 часот, а од таму ќе се блокира раскрсницата кај Палома Бјанка до 16.30 а протестот ќе трае до конечно решавање на рпоблемите на затворската полиција.
Собирно место ќе биде на бензиската кај Сајмиште.
“Колеги дојде време , крајно време да се реши нашиот проблем и дојде време да покажеме единство и покажеме дека ни е преку глава од лажни ветувања и да излеземе да видат дека веќе нема да можат да си поигруваат со нас. Ќе бидеме на улица до конечно решавање на нашите проблеми, нема место веќе за никакви договори..”, велат од затворската полција односно нивниот синдикат кој го организира протестот.

Total
0
Shares
Поврзани објави