Здравев: Без опрема судовите не можат да оддржат онлајн судење

Претседателот на Судскиот совет Киро Здравев соопшти дека со буџетот за 2021 успеале да обезбедат 90 милиони денари за набавка на сервери.

Здравев вели дека е потребна целосна дигитализација на судовите, не само за онлајн судењата, туку и за единство во примената на законите.

„Ние не сме спремни и дигитализирани сите судови да одговорат на онлајн судење. Потребна ни е опрема за да може судовите да ја реализираат оваа обврска“, изјавил Здравев за ТВ 24.

Тој смета дека засега онлајн судење е потешко да се организира за граѓанските предмети.

„Во кривичните е полесно ако обвинетиот се согласи. Досега имаме такви во судот во Кавадарци, а во другите немам сознанија, но факт е дека како императив се наметнува потребата ова искуство од пандемијата понатаму да ни послужи да се предвидат правила во процесните закони заради онлајн судење“, рече Здравев.

Total
0
Shares
Поврзани објави