Зеколи: Пратениците Албанци се повеќе Муслимани!

Екс амбасадорот Арсим Зеколи смета дека поголемиот број пратеници Албанци не го зголемува нивното влијание во Парламентот. Зеколи тврди дека тие не се самоидентификуваат како Албанци, туку како Муслимани.

“Фактот што има 32 Албанци во Собранието донекаде води кон погрешен заклучок. Ако треба да ја дефинираме нивната самоидентификација, доминантното самоодредување е религиозно (Ислам) а помалку етничко (Албанско). Тоа се однесува на сите партии: СДСМ, ДУИ, АА, Алтернатива, и Беса”, напишал Зеколи на твитер.

Тој ги обвинува погрешните стратегии на западните сили кои сакале да направат општество кое му одговара на СДСМ, но и на турскиот претседател Ердоган.

“Пред да скокнете кон заклучок, ова е исто така резултат на “визионерската стратегија” на западот за истоштување на национално ориентираните Албанци за сметка на лажни евро, цивилни, мулти-култи лепешки во надеж дека ќе се изгради општество скроено по мерка на СДСМ. Ердоган може на Брисел да му каже:Teşekkür Ederim! (Ви благодарам), напишал Зеколи. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Гори галијата во Вардар

Опожарена една од галиите кој се наоѓаат во реката Вардар во центарот на Скопје. Пожарникари веќе пристигнале на…