Земјотрес со јачина од 4,4 степени по Рихтер ја погоди Албанија

„Секторот за сизмологија од Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија на ден 6 декември 2020 година, во 7 часот и 19 минути регистрираше земјотрес со средна јалина, со епицентар 28 километри северно од Драч (Албанија). Јачината на земјотресот во хипоцентарот изнесувала 4,4 единици од Рихтеровата скала“, се наведува во соопштението.

Според прелиминарните податоци, жариштето на овој земјотрес е лоцирано на длабочина од 16 километри. Врз основа на теорискиот модел на макросеизмичкото поле на овој регион, магнитудата на земјотресот и длабочината на хипоцентарот, овој земјотрес можел да предизвика само помали материјални штети во епицентралното подрачје, соопшти Сеизмолошкиот завод.

Total
0
Shares
Поврзани објави