Земјотрес во Македонија

Земјотрес со јачина од 3.7 степени според Рихтер ја стресе Македонија предмалку во 20 часот и 40 минути. Според податоците на ЕМСЦ епицентарот на земјотресот беше на 50 километри југозападно од Скопје, или 14 километри југоисточно од Гостивар, во близина на село Србиново.

Земјотресот беше на длабочина од само 1 километар. Засега нема информации за материјална штета.

Инаку денеска и Грција беше погодена од силен земјотрес со јачина од 5.6 степени според Рихтер. Истиот е во областа на Лариса на длабочина од 10 километри. Потресот бил почувствуван во поголем дел на територијата на Македонија.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Уапсен Митко Чавков

Рано утрово, по налог на јавен обвинител, уапсен е Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност…