Жена измамена за 7 000 евра преку Фејсбук

Жена од Штип пријавила дека била измамена за околу седум илјади евра, средства што ги уплатила на агенција како трошоци потребни за да ѝ бидат префрлени 850.000 долари, од лице кое го запознала на социјалната мрежа Фејсбук на крајот на октомври 2018 година и кое се претставило дека е американски војник повреден во Авганистан.

Во пријавата на полциијата пишува дека таа пријавила дека во декември 2018 година лицето ѝ кажало дека бил повреден и од авганистанските власти му биле исплатени 850.000 долари, кои тој не можел да ги внесе во САД и дека парите ќе ѝ ги испрати на неа, а таа требала само да ги подмири трошоците на агенцијата Routenet Express за да можат парите да пристигнат во Македонија.

Жената се согласила и во периодот од 26.12.2018 до 29 јануари годинава, во неколку наврати уплатила вкупно 7.300 евра и 1.590 долари на агенцијата. Парите требало да пристигнат до 20 февруари, но до денот на пријавувањето не ги добила, по што заклучила дека била измамена.

извор: МВР

Total
0
Shares
Поврзани објави