Жената која беше пронајдена во Охрид имала прострелна рана, се вештачи оружјето и се испитуваат ДНК-трагите

Жената која беше пронајдена мртва во Охрид имала прострелна рана, дознава „А1он“. Според информациите, во објектот кој се наоѓа на стариот пат Охрид-Струга било пронајдено и оружје. Од Обвинителството за „А1он“ велат дека во континуитет се работи на расчистување на случајот и прибирање на потребни податоци за настанот.

„По насока на јавниот обвинител обезбедени се и прибрани траги од самото место на настанот  и дадени се на натамошно вештачење. Воедно, издадени се наредби за вршење на потребни анализи, испитување на ДНА, како и папиларни линии на оружјето и за вршење обдукција на телото на починатата.  Едновремено, во континуитет се прибираат податоци потребни за расветлување на настанот. Обвинителството го очекува пристигнувањето на побараните извештаи од вештачењата и анализите“, велат од Обвинителството за „А1он“.

Откако ќе се анализираат сите докази со кои располага Обвинителството, ќе утврди и причината за смрт кај жената на возраст од 35-години. На местото каде беше пронајдено телото, медицински екипи и МВР направија увид.

Инаку, настанот се случи пред два дена. Во раните утрински часови, околу 8 часот, лице кое живеело заедно со жената пријавило дека го пронашол телото на починатата. Лекар од Брза помош констатирал смрт, а МВР извести дека имала повреда на главата.

извор: a1.on

Total
0
Shares
Поврзани објави