Жените и мажите ќе одат во пензија на 64 години

Во предвидените пензиски реформи не е предвидено намалување на старосната граница за пензионирање, туку нејзино изедначаување меѓу мажите и жените, што е уставна категорија, односно изедначување на правата и обврските меѓу овие две категории, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Тој најави дека следната недела ќе има меѓуресорски состанок на кој ќе се оди со конкретни предлози.

Од она што е досега познато, премиерот Зоран Заев пред десетина дена во Стопанската комора изјави дека од јануари следната година, со новиот закон кој допрва ќе се донесе, во пензија ќе се оди задолжително на 64 години.

Ова би важело за сите освен за вработените во здравство, лекари и медицински персонал и за високото образование, но Заев остави простор за дополнителни консултации со синдикатите.

Според податоците што ги добил од МИОА, во моментов има околу 10 300 лица кои се на возраст над 64 години, а сѐ уште се во работен однос во јавниот сектор.

Total
0
Shares
Поврзани објави