Жител од Миравци ќе одговара за одгледување марихуана

Полицијата во Струмица до Основното јавно обвинителство во Гевгелија поднесе кривична пријава против лицето С.К (24) од гевгелиското село Миравци поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурсори”.

Во текот на јуни и јули годинава,на местото викано „Лаго” во атарот на Миравци, на три локации на растојание од 50 до 60 метри, полициски службеници откриле насади со стебла од растението канабис сатива.

По преземените мерки за расчистување и извршениот увид пријавениот С.К на 8 септември во 18 часот и 10 минути било затекнат на лице место.

При претресот во неговата торба биле пронајдени три свежи корени со набрани цветни завршетоци на марихуана како и уште пет стебла од растението канабис сатива.

Претрес бил извршен и во домот на пријавениот, а пронајдените предмети со потврда биле одземени за вештачење. Пријавениот бил лишен од слобода, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Total
0
Shares
Поврзани објави