Златко Марин : Аеродром добива 4 нови паркови

Откако борбата на локалното население и градоначалникот на општина Аеродром не успеаа да забранат да се гради зграда на место на огромно зеленило и парк, денеска градонаќалникот Златко Марин објави дека Аеродром добива 4 нови паркови.

“Локациите ќе бидат покрај улиците „Методија Шаторов Шарло“ и „Новопроектирана 1“, на раскрсницата меѓу улиците „Пандил Шишков“ и „Фрањо Клуз“ и меѓу зградите во Индустриска зона УЕБ, покрај булеварот „Трета македонска бригада“. Деновиве распишавме јавен повик за изработка на овие проекти. Исто така се избира изведувач за паркот во населбата Мичурин, а изградбата почнува во наредниот период. Остануваме посветени на своите заложби за заштита и подигнување нови зелени површини на својата територија. Во таа насока имаме набавено околу 1.800 високоизраснати дрвја кои ќе се садат на повеќе локации во општината”, пишува во неговата објава.

Висококатницата предивика протести но и беше поднесена оницјатива за оценување на легалноста на ДУПот што Уставниот суд ја одби и со тоа одобри градба која продолжи ден по објавата на одлуката.

Total
0
Shares
Поврзани објави