Злоупотребите на партиите се покриват со дубиозни законски решенија

Главниот државен ревизор Максим Ацевски смета дека проблемите со работата на политичките партии и финансирањето на изборната кампања нема да решат се додека партиите сериозни не ги сватат препораките на меѓународниот фактор и на домашните институции.

Ацевски вели дека сегашната состојба покажува дека политичките партии не можат да обезбедат доследно почитување на законите, а од друга страна ДЗР, ДИК и ДКСК и сите останати, не можат да постапат ако се појават одредени измами или незаконско работење.

Тој во интервју за „360 Степени“ вели дека не треба да се гледат само извештаите, туку и системските слабости, кои зборуваат повеќе од фактичката состојба.

„Политичките партии коишто се главни креатори на Изборниот законик прават такви измени на законот коишто во суштина ни прават проблеми, не само за политичките партии, туку за сите институции коишто прават надзор и ревизија на изборната кампања“, оценува главниот ревизор.

Тој побара креаторите на да ги објаснат одредбите на член 71, став 1 и став 7 од Изборниот законик, каде има многу грешки и не може да се разбере што сакале да кажат.

„Таму се вели дека треба да има единствена трезорска сметка во којашто ќе се уплатуваат сите средства за изборната кампања. Потоа кажува дека од таа сметка ќе се користат исклучиво средствата за финансирање на изборната кампања. За да во истиот став имаме став во којшто вели – од оваа сметка може да се изврши поврат на средства на сметката за редовно работење. Класична, како да кажам, класична неправилност или дубиоза“, оценува Ацевски.

Total
0
Shares
Поврзани објави