Зошто амбасадорот стоеше на раце пред Претседателот ?

По жестоките реакции на јавноста на фотографијата каде изралескиот амбасадор Дан Орјан стои на раце пред претседателот Стево Пендаровски тој ја објасни својата постапка и пораката која ја сакал да ја испрати.

 Знам дека не е традиционално дипломатски. Но, ако морам да стојам на моите раце за да ја промовирам идејата за вклучување и партнерството со луѓето со попреченост, јас сум подготвен повторно да го сторам тоа. На многу места, јас сум подготвен да скокнам заедно заедно со нив , а тие да застат на моите раце – напиша на социјалните мрежи амбасадорот Дан Орјан.

Неговата фотографија како стои на раце , е дел од изложбата на фотографии „Скокаме заедно“ , која е отворена во Skopje City Mall. Изложбата е во соработка со Амбасадата на Државата Израел и Acta Non Verba.

Познато е дека гравитацијата влијае на сите, големи или мали, црни или бели, Евреи или Арапи, на сите.Како што оваа природна сила влијае на нас, така и други сили влијаат, поделувајќи нè во категории и ограничувајќи ја секоја личност со граници.Со цел да постигнеме взаемно разбирање, да ги спречиме осудувањата, да ги скршиме неправедните општествени норми и да излеземе од нашата „безбедна комфорт“ зона, треба да вложиме труд. Или, кажано со други зборови, едноставно треба да скокнеме.

Дипломат од Министерство за надворешни работи, амбасадор кој носи одело и вратоврска, ултра – ортодоксен Евреин и лица со попреченост, имаат сесии на скокање и необични вежби во дворот на црквата во Абу Гош, во стариот град на Ерусалим, во пејсажите на Израел. Кога зборувал со Пендаровски и разговарале за изложбата, претседателот прашал дали тој навистина може да го направи тоа.

Претседателот ме праша дали навистина можам да го сторам тоа … и прашав дали можам да го направам овде во канцеларијата. Реков зошто да не … Тоа е заради добра причина. И по објавувањето на официјалниот состанок тој ја сподели и мојата помалку официјална слика, оваа. Се надевам дека никој не е навреден поради ова“, напиша Орјан.

Тој сподели и фотографија од кафулето Umbrella во Скопје, и го искажа своето воодушевување од концептот и од вклученоста на луѓето со Даунов синдром во процесот на работа.

Total
0
Shares
Поврзани објави