Отец Оливер Петровски – Маж на годината за 2022 во избор на социјалните медиуми

Отец Оливер Петровски е Маж на годината во ибор на социјалните медиуми за 2022 година, при официјалниот избор на “Мажи на годината“ во Македонија.

Според гласањето на официјалната Фејсбук страница на настанот, Отец Оливер Петровски освои најмногу гласови и со тоа заслужено ја добива оваа награда.

Наградата Маж на годината во избор на социјалните медиуми и дава можност на целокупната јавност да се вклучи директно во овој настан, преку номинирање, според нив, најуспешниот маж и притоа да гласаат за оние кои се номинирани.

Отец Оливер Петровски е познат хуманитарец кој раководи со хуманитарната организација „Свети Спас“ кој изминатите години преку својата организација успеа да направи среќни голем број на луѓе на кои им е навистина потребна помош, а не можат да си ја дозволат.

Овогодинешното 5-то јубилејно издание на изборот на Мажи на годината во организација на Фрајдеј Комуникации и Џентлмен Магазин ќе се одржи на 30.11.2021 година во Doubletree by Hilton Skopje и вклучува 13 добитници во 13 категории помеѓу кои и главната награда за Маж на годината за 2022 година.

Генерален спонзор на овогодинешниот избор на „Мажи на Годината 2022“ е компанијата Casinos Austria International Macedonia, и останатите спонзори DoubleTree by Hilton -Skopje, Бадел -Antique Pelinkovac, Пакомак, Орбико и парфимериите Fabu, Пивара-Скопје, Империјал Тобако, Авант Кар Македонија, Tikves и други.

Total
0
Shares
Поврзани објави