Ахмети вели дека Мицкоски ја гледал војната само на телевизија

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети на синоќешната трибина во Тетово, истакна дека Христијан Мицкоски не треба да зборува за војна, бидејќи тој не бил дел од неа, туку само ја гледал на телевизија. Овој одговор следи откако Мицкоски пред два дена побара од Ахмети да каже колку милиони евра добило неговото семејство на сметка на жртвите од воениот конфликт во 2001.

Ахмети воедно истакна дека тој досега молчел бидејќи тишината е лек и кажа дека 20 години работат на градење стратегии за да се реализираат нивните цели и затоа се ценети од гласачкото тело на ДУИ.

Само со повеќе работа можеме да бидеме силни, не само 20 години туку и повеќе. Поминаа 20 години, затоа што ги планиравме работите во секоја фаза, како ќе одат. Постапувавме во тешки времиња, во многу деликатни околности, иако на доброто му нема крај, има уште многу работа“,рече Ахмети.

Ахмети кажа дека очекува уставните измени да се направат за два-три месеци, но, како што нагласи, тие мора да се случат оти се во интерес не само за Албанците, туку за сите граѓани на оваа држава. Уште една работа, која според лидерот на ДУИ е неопходна, е ветингот.

„Мора да направиме ветинг, почнувајќи од политичарите, извршната власт, градоначалниците бидејќи тоа е за доброто на државата. Оваа проверка треба да ја направат странски специјалисти, бидејќи кредибилитетот може да се оспори. Потребно ни е проверено судство и политичар за да се има доверба во развојот на процесот“,кажа Ахмети.

Total
0
Shares
Поврзани објави