Уредувачка политика

Уредувачката политика на порталот Досие.мк ги следи принципите на процесот на прифаќање, проверување и објавување. Уредувачката политика на порталот Досие.мк е базирана на етички вредности и принципи за да се избегнат било какви нелегални практики, т.е. плагијаризам, и да се почитува интелектуалната сопственост. Уредниците и новинарите ја прифаќаат одговорноста да:

  • Обезбедат упатства на авторите за припрема и поднесување на текстови
  • Ги третираат сите автори фер, љубезност, објективност, искреност и транспарентност
  • Ја заштитат доверливоста на секое дело на авторите
  • Воспостават систем за ефикасно и брзо прегледување на текстовите
  • Информираат навремено авторите за уредничката одлука во врска со доставените текстови
  • Обезбедат навремено да се објавуваат одобрените текстови

Веб-порталот Досие.мк прифаќа текстови, кои е оригинални. Јазиците на публикациите се македонски. Главните критериуми за избор на текстовите се оригиналност, научна и практична вредност, правилно избрани и применети методи на истражување, валидност на резултатите и заклучоците од истите. Текстовите треба да бидат подготвени според барањата на веб-порталот Досие.мк. Текстовите се разгледуваат според усогласеноста со барања она уредниците и може да се вратат на авторот за корекции. Материјалите за објавување може да се испратат преку е-пошта на [email protected]. Уредниците може да ги одбијат текстовите без надворешна рецензија. Причини за ова може да биде тоа што текстот е надвор од опсегот на веб-порталот, не ги исполнува стандардите за квалитет на порталот или нема нови информации. Авторите ќе бидат информирани за ова преку е-пошта. Уредниците на веб-порталот Досие.мк обезбедуваат анонимност на рецензентите и авторите за време на целиот процес на преглед.