Британската премиерка Лиз Трас поднесе оставка

Неполни шест недели откако стапи на функцијата во матичната партија и владата, Лиз Трус во четвртокот ја најави својата оставка. Во кусото владеење таа ја втурна Британија во тешка финансиска криза.

Британската премиерка Лиз Трас беше принудена да се повлече од функцијата поради бурните шест недели во кои нејзините политики предизвикаа бура на финансиските пазари, а бунт во нејзината партија и го збриша авторитетот.

Во обраќање до јавноста таа рече „Не можам да го исполнам мандатот за кој бев избрана од Конзервативната партија“.
„Разговарав со Кралот да го известам дека поднесувам оставка како лидер на Конзервативната партија“.

Само еден претходно, таа порача дека ќе остане на власт, објаснувајќи дека таа е „борец а не откажувач“.

Но, во четвртокот Трас поднесе оставка откако беше принудена да се откаже од својата економска политика и ја загуби контролата врз матичната Конзервативна партија. 

Најавено е дека изборот на наследник на Трас во најголемата британска партија ќе биде организиран веќе следната недела. 

Поголем број пратеници од нејзината партија бараа Трас да си поднесе оставка откако нејзиниот економски план предизвика бура во земјата. Владиниот план кој беше објавен минатиот месец предизвика финансиски превирања и политичка криза во која настрада министерот за финасии, а самиот план беше менуван во повеќе наврати.

Кризата се продлабочи откако во средата Трас во парламентот предложи да продолжи практиката на „фрекинг“ на гас- потег што ги разлути пратениците од нејзината партија кои беа против. 

Анкетите покажуваат големо водство на Лабуристичката партија, па многу конзервативци веруваат дека единствениот начин да се избегне изборен пораз е да се смени Трас. Пред само неколку месеци Трас го порази Риши Сунак во битката за лидерство во Конзервативната партија, и потоа застана на чело на владата.

Редовните парламентарни избори во Велика Британија треба да се одржат во 2024 година, а според интерните правила на конзервативците, Трас не може да се соочи со смена на партиското кормило уште една година. Но, тие правила може да се сменат доколку доволен број пратеници го побараат тоа. 

Total
0
Shares
Поврзани објави