Бујар Османи претседателски кандидат

На денешната прес-конференција, Али Ахмети, водач на партијата ДУИ, соопшти дека Бујар Османи ќе биде претседателскиот кандидат од ДУИ. Бујар Османи влегува во претседателската трка со Стево Пендаровски од СДСМ и Гордана Силјановска Давкова од ВМРО, Билјана Ванковска од Левица, Арбен Таравари од албанскиот опозициски блок, Стевче Јакимовски од партијата Гром и Мерсиха Смаиловиќ како кандидат од Бошњачки демократски сојуз. Претседателските избори се закажани за 24 април, додека вториот круг од изборите е на 8 мај кога треба да се одржат и парламентарните избори.

Total
0
Shares
Поврзани објави