(ВИДЕО) Лила Филиповска за канцерот: Најтешката работа ми беше да му кажам на мојот син – кога ми ги кажаа резултатите, тој беше со мене и јас му реков „Сине канцер е ама ќе го средиме“

Каде е свеста на пациентите кои дозволуваат да бидат прегледани од радиолог? Ние имаме проблем со свеста кај луѓето. Јас одлучувам кому ќе верувам. Каде ни е свеста, вели водителката Лила Филиповска на панел дискусијата на универзитетот ФОН на тема: „Дами, проверете се“. Кога дознала дека се бори со канцер, направила неколку проверки и на крајот се одлучила операцијата да ја прави во Турција.

„Се работи за една од најсериозните дијагнози, се работи за живот. Ми беше важно да отидам на неколку мислења. Некои доктори не ми влеаја никаква доверба. Подоцна, сфатив дека ние немаме конкретно онкохирурзи. Кај нас бев на проверка на 2-3 места. Јас порано бев медицинска сестра и ми е јасна медицината и што е канцер. Од некои од докторите не почувствував доверба и навистина не знаев што да правам. Направив приватно биопсија и  уште една во Истанбул. Таму ми направија буквално презентација за мојата состојба. Докторот ми рече дека најверојатно нема да ми ја спаси ареолата и навистина не ми ја спаси, бидејќи канцерот беше навистина блиску. Тој беше смирен, емпатичен. Јас бев „2а стадиум“ и ми кажаа дека не е многу рано, но не е ниту доцна и дека ќе треба хемотерапија. Тоа што ми е докторот кој ме оперираше во Истанбул, тоа ми е доктор Нино Васев во Македонија. Јас можев да ги правам хемотерапиите и зрачењата во Турција, но тоа чини многу пари и време. Одлучив тоа да го правам тука и отидов на разговор кај доктор Нино Васев кого тогаш не го познавав лично и фала му на Бога што тој е тој и имав среќа да отидам кај него. Прашав дали треба да купам нешто од странство, но доктор Васев ми рече не, тука има се“, раскажува Филиповска.

Таа вели дека претходно немала никакви акутни болести, а шокот кога дознала дека има канцер бил голем бидејќи редовно правела контроли. За разлика од Македонија, вели водителката, во Турција се што правеле било конзилијарно.

„Најтешката работа ми беше да му кажам на мојот син. Тој ги чекаше резултатите од биопсијата. И кога ми ги кажаа резултатите, тој беше со мене и јас му реков „Сине канцер е ама ќе го средиме“. Тоа беше најтешката работа што требаше да му ја кажам. Плачев два пати, еднаш кога помислив зошто јас и еднаш кога ми кажаа дека ќе ја изгубам косата“, вели Филиповска.

Total
0
Shares
Поврзани објави