(ВИДЕО) Москва нападната со дронови – Русија ја обвини Украина

Напад со дронови на Москва во кој се оштетени две згради и на кратко се затвори еден од аеродромите во градот во раните утрински часови, за што Русија ја обвини Украина.

Руското Министерството за одбрана соопшти дека беспилотно летало било соборено над областа Одинцово – западно од центарот на градот, а два други дрона биле неутрализирани, но паднале во објекти.

Московскиот градоначалник Сергеј Собјанин за нападот посочи дека објектите кои биле погодени се деловни и оти биле оштетени нивните фасади.

Според државната новинска агенција Тас, едно лице е повредено.

Според информациите од руска страна, аеродромот кој накратко бил затворен е „Внуково“ и се наоѓа југозападно од центарот на Москва, а авионите кои требало да слетаат таму биле пренасочени на други аеродроми.

Во соопштението од Министерството за одбрана нападот се квалификува како терористички при што се наведува дека тој бил спречен.

Покрај за Москва, руските власти ја обвинија Украина и за напад со дронови на Крим кој бил извршен во текот на ноќта при што 16 беспилотни летала биле уништени, а девет потиснати.

Украина, пак, не презема одговорност. Властите во Киев од своја страна ја обвинија Русија дека извршила ракетен напад врз североисточниот град Суми при што едно лице загинало, а пет биле повредени. Според украинските медиуми, нападот се случил околу 2 часот по локално време и била уништена една зграда.

Синоќа, официјални претставници на Украина соопштија и дека Русија го нападнала градот Запорожје при што биле убиени две лица.

Total
0
Shares
Поврзани објави