Вучиќ прогласи убедлива победа на изборите во Србија, опозицијата обвини за кражба на гласови

Листата на „Србија не смее да застане“ освои убедливо најголем број гласови на изборите во Србија. Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа од партиското седиште на СНС објави дека според прелиминарните резултати и на ниво на Белград и на ниво на Србија, нивните листи извојувале максимална победа.

За Покраниското собрание на Војводина, кое брои 120 пратеници, партијата на Вучиќ, според него, освоила апсолутно мнозинство, односно од 67 до 69 мандати. Опозицијата, пак, обвини за голем број изборни нерегуларности.

„Србија против насилство“ поради големиот одзив на гласачи беше убедена дека клучот на Белград ќе падне во нивни раце, но сега обвинува дека во главниот град е извршена кражба на гласови како и дека на гласачките места биле носени луѓе кои не живеат во Белград и кои немаат право на глас.

Овој резултат, велат, нема да го прифатат како демократски и најавија дека ќе се борат за секој глас со сите правни средства со цел, како што нагласија, да се спречи изборната кражба. Ова беа петти по ред вонредни избори во изминативе 11 години.

Total
0
Shares
Поврзани објави