Голем дефект не работат платежните картички ни во странство

Соопштение на МБА:

Во име на членките на Македонската банкарска асоцијација, ве информираме дека во моментот кога соопштението се подготвуваше и испраќаше дел од услугите на нашите членки, поврзани со картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни – на банкомат или во трговија.

Како и досега, средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали.

Членките на Македонската банкарска асоцијација се во интензивна комуникација со картичните брендови VISA и MasterCard, и од досегашните анализи може да се каже дека причината за проблемот не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките. По добивање покомплетни сознанија, јавноста навремено ќе биде известена од страна на Македонската банкарска асоцијација.

Голем дефект со кредитните картици од македонските банки од пред неколку часа. Според информациите ниту една кредитна картичка не функционира. И тоа станува збор за картички од буквално сите банки во Македонија.

Според информациите оневозможено е плаќање и било какви трансакции со кредитните картички на територијата на цела Македонија. Не функционира ниту вадењето пари од банкомат. Единствена можност е вадење пари директно од шалтерите на банките.

Потврда за ова има од неколку маркети и продавници низ цела држава, но и од страна на неколку банки.

Од контакт центарот на Комерцијална банка добивме информација дека во моментов не функционираат македонските картички ниту во странство.

Ова особено може да биде проблем бидејќи во тек се летните одмори и многу македонци се во странство, каде се ослонуваат на своите кредитни картички за било какви плаќања.

Според информациите кои ги добивме се работи за сериозен дефект, односно изгубена е врската со главниот провајдер. Се очекува проблемот брзо да биде надминат, но засега нема најави кога тоа може да се очекува.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Следува викенд без ддв !

Викендот без ДДВ кој го најави Владата, најверојатно ќе се случи следните недели. Но како ќе функционира? Според…