Детали за нападот врз контролорите за летање: сопруг на вработена е тепачот, а Беким Незири го пуштил да влезе во кулата

Сопруг на вработена и близок соработник на Беки Незири е тепачот кој вчера заедно со група од осум луѓе упадна во кулата за контрола на летање и физички нападна еден од контролороите, пренесува Телма.

Како што се наведува, поранешниот министер за економија од ДУИ, Беким Незири, е еден од тие кои што го извршија упадот. Тој е и меѓу четворицата приведени. Бил во полициската станица во Автокоманда. Се трага по уште четири лица.

Инаку, како што пренесува Телма, напаѓачот е Е.С., сопруг на нововработена во М-НАВ.

Незири ги пуштил да влезат во кулата и да ги нападнат вработените. Откако Е.С. му удрил бокс на П.Б., Незири почнал да му вика и да му се заканува. Според информациите, тие му биле лути зошто му дал поддршка на претседателот на Синдикатот. Насилниците им викале на уште двајца контролори-Албанци.

Инцидентот се случи вчера околу 15.30 часот, по прес-конференцијата на претседателот на Синдикатот на контролорите на летање, Александар Тасевски. Синдикатот се закани со штрајк доколку Владата не ги разреши директорите на М-НАВ. Оттаму побараа и полициско обезбедување додека не се разреши случајот и не бидат казнети насилниците.

izvor Fokus.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

IN MEMORIAM: Почина Ратка Димитрова

Ратка Димитрова, пратеничката од првиот парламентарен состав, почина на 80-годишна возраст. Таа беше координатор на првата пратеничка група…