Децата со три дози Ди-Те-Пер од денеска се враќаат во градинките

Градинките денеска ги отвораат вратите за децата кои примиле три дози од вакцината ДиТеПер. Условот е во наредните шест месеци тие да примат и ревакцина.

Од националниот комитет за имунизација објаснија дека ваквата одлука следи по проценката дека дете вакцинирано со три дози во последните шест месеци ќе биде оптимално заштитено. Државниот санитарен и здравствен инспекторат изминатата недела изврши стотина вонредни инспекциски надзори низ градинките, а контролите ќе продолжат и во наредниот период.

Вкупно во земјава се евидентирани 216 случаи на голема кашлица, а 88 проценти или 190 се во главниот град, каде е прогласена епидемија на голема кашлица на 8 февруари.

Поразителни се бројките за имунизација на децата кои посетуваат градинка во Скопје.

Дури 50 проценти од нив не се вакцинирани, за разлика од градинките во внатрешноста каде опфатот со вакцина е над 95 проценти.

Надлежните апелираат за масовна вакцинација на децата, а веќе пристигнаа и вакцините за возрасни, кои не се задолжителни.

Total
0
Shares
Поврзани објави