За празниците ќе дежурaaт повеќе поликлиники низ Скопје

За време на новогодишните празници, ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа, потврдија за МИА од оваа установа.

– На 31 декември, недела, во текот на денот и вечерта за новогодишната ноќ, како и на 1 јануари, дежурни и достапни ќе бидат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар.

За претстојните божиќни празници – 7 и 8 јануари, за граѓаните кои имаат потреба од медицинска помош, ќе работат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар, велат во пишана изјава за МИА од ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“.

Total
0
Shares
Поврзани објави