Ковачевски во елемент, со Вучиќ и Милатовиќ запеа „Дајте вина хочу лом“

Српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм профилот „будуќностсрбијеав“ објави видео од ресторан каде заедно со македонскиот премиер Димитар Ковачевски и црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ ја отпеаја песната „Дајте вина, хочу лом“.

Ковачевски, по свеченото отворање на Вториот меѓународен саем за вино заедно со Вучиќ и Милатовиќ дојдоа на вечера во ресторан во Белград.

Според објавеното видео, атмосферата била опуштена, а високите државници дегустирале вино.

– Да живее пријателството меѓу Црна Гора, Македонија и Србија! – стои во објавата на Инстаграм под видеото.

Total
0
Shares
Поврзани објави