Командирот Димитријевски и тројца полицајци осудени за бегството на Мемети од затворот Идризово

Командирот Срѓан Димитријевски и двајца затворски полицајци од „Идризово“ кои признаа вина за бегството на затвореникот Беким Мемети се осудени на казна затвор, додека еден нивен колега доби условна казна. Командирот Димитријевски и затворскиот полицаец Трајче Ацковски се осудени на по 3 години затвор, а третиот затворски полицаец е осуден на една и пол година затвор за делото „противзаконито ослободување лице лишено од слобода“.

Планот за бегството на Мемети започнал ноќта на 12 јануари годинава, кога осуденикот си ја расекол раката и пријавил повреда. Тогаш се вклучил командирот во КПД Идризово, Димитријевски кој издава наредба осуденикот да се пренесе на Клинички.

Мемети за време на транспортот во комбето на затворската полиција го одзел пиштолот на затворскиот чувар и го ранил со неговото службено оружје. Во близина на инцидентот го чекал  друг автомобил со кој избегал.

Мемети беше осуден на повеќе од 20 години затвор за убиство и други кривични дела. Убиството било извршено во 2016-та година во тетовска Мала Речица. Тој првично бил осуден во отсуство, а во 2020-тата година бил уапсен во Берлин во Германија по што бил екстрадиран. Му била повторена постапката и повторно бил осуден на долгогодишна затворска казна.

Командирот Димитриевски и претходно како вработен во МВР, бил во судир со законот поради коруптивно дело.Тој е еден од петмината полициски инспектори против кои во 2011-тата година почнало судење за примање поткуп кое правосилно завршило во 2018 година. Според пресудата, на скопјанец му побарале 2.500 евра за да не му поведат кривична постапка. Ова му било соопштено во полициската станица „Бит Пазар“, каде оштетениот бил повикан на сослушување од Димитријевски и неговиот колега.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Дедо изгоре во пожар

На 17.03.2019 во 15:30 часот било пријавено дека над село Оризари, кочанско, на место викано „Бели Камења“, при…