Маж загина во пожар во Битола

Пожар што избил вчера рано наутро во 06:00 часот во населбата Горно Оризари во Битола бил кобен за Б.Ц.(75) од Битола. Од здобиените повреди Б.Ц.(75) починал додека неговата сопруга М.Ц. била пренесена во болница каде и било констатирано труење со јаглерод моноксид.

Увид на местoто извршиле екипа на СВР Битола и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција се вели во соопштението на МВР.

Total
0
Shares
Поврзани објави