Македонските Бугари повикани на средба со Османи

  • Претставници на бугарските здруженија во Македонија треба да остварат средба со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи. Од исходот на разговорите зависи во кој правец ќе се одвиваат работите.

Средбата е во пресрет на истекувањето за законскиот рок за пререгистрација на здруженијата, чиишто имиња се сметаат за навредливи и провокација која што предизвикува тензии меѓу Скопје и Софија. Бугарските клубови се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување. Клубот „Цар Борис Трети“ од Охрид веќе се обратил до Централниот регистар и нивното барање е во процедура. Тоа не е случај и со битолскиот клуб „Иван Михајлов“, кој најавува дека правдата ќе ја бара пред меѓународен суд.

На 10 февруари до Централен регистар е доставено барање за усогласување на работата на Здружението за афирмација на културните вредности на македонските Бугари „Цар Борис III“ од Охрид со Законот за здруженија и фондации. „На барањето од подносителот е доставено известување за доставување на пријава и прилози согласно Законот за здруженија и фондации. Постапката по барањето е се уште во тек. За здружението „Иван Михајлов“ од Битола, не е поднесено барање/пријава за упис на промени согласно новите измени на Законот за здруженија и фондации“, велат од Централен регистар. 

Total
0
Shares
Поврзани објави