Материјалните докази зборуваат на истиот јазик како и осомничените, вели Бубевски за истрагата за убиствата на Вања и Панче

Тече истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, кои ја потресоа јавноста. Шефот на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски, вели дека во моментов се испитуваат материјални докази.

„Истрагата во однос на дејствијата е на тоа ниво на кое ви кажав и минатиот пат, а се испитуваат нормално материјалните докази. Можам само да ви кажам дека материјалните докази зборуваат со истиот јазик со којшто зборуваа осомничените. Толку“,кажа Бубевски.

Обвинителот не сакаше да даде конкретен одговор ниту за тоа дали мотивот останува ист – користољубие. За тоа рече ќе се произнесат во обвинение.

На новинарско прашање дали автомобилот е снимен на „Сејф сити“ или на некои други камери, Бубевски рече дека материјалните докази се прибавени.

„Тие се анализираат, се прави целокупна ретроспектива на сè што се случувало и сето тоа, повторно ќе кажам, ќе биде предмет на описот на обвинителен акт“,рече Бубевски.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

За нивното убиство и помагање за бегство, засега се осомничени шест лица, од кои пет се во притвор, а првоосомничениот се чека да биде екстрадиран од Турција.

Total
0
Shares
Поврзани објави