Мицкоски: Ковачевски предложи широка Влада со пет ресори за ВМРО-ДПМНЕ, јас му одговорив без учество на ДУИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повтори својот став за уставните измени, во изјава после одржувањето на лидерската средба со премиерот Димитар Ковачевски. Тој потенцирал дека 44-те пратеници од најголемата опозициска партија нема да прифатат отворање на Уставот под диктат.

-Разговаравме за предлози кои што ги даде Ковачевски и би го издвоил: во рамките на Парламентот да почне дискусија и се изгласа потребата за промена на Уставот, а потоа да биде формирана Влада во која што од 10-те ресори кои ги има СДСМ, 5 да бидат на ВМРО-ДПМНЕ, да бидат завршени уставните измени, да отпочне процесот на преговори. Денес добивме потврда дека преговорите со ЕУ не почнале, но ете со прифаќањето на измените потоа да бидат затворени можеби едно, две или три поглавја. На оваа понуда која што е позиција на Ковачевски, кажав во ред и реков дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвен во Влада со СДСМ и останатите партии, но без учество на ДУИ, рече Мицкоски во изјава за медиумите.

Total
0
Shares
Поврзани објави