Мицкоски со економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе оди кај Ковачевски во Владата

Средбата на Илинденска бр. 2 треба да се одржи денеска во 16 часот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со економскиот тим на партијата денеска ќе оди на средба кај премиерот Димитар Ковачевски на која се очекува да разговараат за справувањето со економската криза.

Според најавите, средбата е закажана да се одржи во 16 часот, а потврда за неа вчера стигна и од Владата и од ВМРО-ДПМНЕ.

„Прифатен е повикот од премиерот Ковачевски за утрешна средба каде ќе присуствува економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Христијан Мицкоски. Ги нудиме нашите ресурси и концептот. Утре ќе биде запознаен и премиерот. Би требало да се разговара во вакви тешки времиња и треба да седнеме заедно најголемата опозициска партија со Владата“, изјави синоќа во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 Маја Кадиевска од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Total
0
Shares
Поврзани објави