Најмладата жртва во Младеновац има 15 години, убиецот пукал на три локации

Полицијата интензивно трага по Урош Б., кој во селото Дубона кај Младеновац уби осум и повреди 13 лица. Избезумениот напаѓач пукал од автоматски пушки и пиштоли.

Урош го започнал крвавиот пир на едно место кога излегол од својот автомобил и испукал рафал кон група луѓе кои седеле околу логорски оган на пикник. Потоа продолжил  и на неколку километри и излегол од автомобилот и застрелал четири лица кои поправале капија во еден двор.

Потоа се вратил во автомобилот и се упатил кон центарот на селото Дубона и повторно пукал, каде што убил две лица, еден полицаец кој не бил на должност и неговата сестра. Убиецот потоа побегнал и во овој момент по него трагаат повеќе од 600 припадници на српското МВР.

Познато е дека во викендицата што ја користел убиецот било пронајдено поголемо количество оружје и муниција и сето тоа е одземено. Полицијата е на сите улици и сокаци во овој реон. Во градовите Дубона и Мали Орашје, Шепшин, не е дозволен излез, се проверуваат сите напуштени куќи и скриени места за да се најде убиецот.

Во Дубона кај Младеновац е убиен полицаецот М.П. (22) и неговата сестра К.П. (19) и Д.Т.(25) На друга територија кај Смедерево починал М.М. (18), Н.С. (21), Л.М. (20), Н.М. (15) и А.М. (18).

Полицискиот министер Братислав Гашиќ од синоќа е на терен. Таму се и сите команданти на полициските единици.

Засега не е познат мотивот за масакрот, убиецот има досие за кражба и напад врз службено лице и прекршочна пријава според Законот за поседување оружје. Се сомнева дека при бегството менувал автомобили.

Total
0
Shares
Поврзани објави