На Онкологија свесно се дозволувал башибозлук за некој да се богати, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Дивото месо го уништува здравството во Македонија. Тоа е канцер мафијата која на сметка на животите на најтешките пациенти, правела милионски бизниси на клиниката за Онкологија. Свесно бил допуштан башибозлук на оваа институција со цел некој да се богати, да се краде на ангро, а граѓаните да бидат оставани без својата терапија и без термини за лекување, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Прво, КАТО системот кој бил набавен во 2016-та требало да ја следи потрошувачката и дозирањето на скапите лекови. Но овој систем бил исфрлен од употреба веднаш по доаѓањето на власта на СДС и ДУИ и истиот бил фрлен во помошна просторија за да фаќа прашина цели 7 години. Логичен е сомнежот е дека тоа е направено за да може да се краде. Софтверското решение овозможува увид на каналот на дистрибуција на лековите и излезот кон одделенијата и истото го немало за на тој начин лековите да завршуваат на црниот пазар“ се вели во соопштението.

Како што додаваат, во исто време во дневната болница не постоела можност да се евидентира која сестра кој лек на пациент го аплицирала, што пак отвора можност за злоупотреби, неточна и непрецизна евиденција за терапија која чини илјадници евра.

„Сето ова и многу повеќе е содржано во извештајот од финансиската контрола на клиниката за онкологија. Здравствените власти ова го знаеле но го дозволувале. Оваа состојба не може да постои ако не била аминувана од страна на највисоките функционери во здравството. Ова е организирана шема. Ова е канцер мафија и мора да има одговорност“ порачаа од опозицискта партија

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Мицкоски извади нови документи за случувањата на „Онкологија“: Имало периоди кога пациентите не ја добивале терапијата, а одговорните лица не испратиле допис до добавувачите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изнесе нови сведоштва и документи за скандалот на Клиниката за онкологија, за…
Повеќе

Oд среда децата се враќаат на настава?

По неколкунеделни преговори СОНК и Владата постигнаа компромисно решение за покачување на платите на наставниот кадар во училиштата, како и за вработеите во…