Неи Пори на нозе, сите го бараа 3-годишниот Михајло

Вчера во Грција се одвивала вистинска драма!

На социјалните мрежи се појави објава за алармантна потрага по тригодишното момче од Србија кое се изгубило во Неи Пори! За среќа, потрагата вродила со плод, а момчето Михајло набрзо било пронајдено живо и здраво и вратено кај родителите.

– Денеска во Неи Пори се изгуби тригодишното дете по име Михајло. Сите станавме на нозе да го бараме детето. Агонијата траела половина час, за среќа детето било пронајдено живо и здраво како си игра во песок на сосема различна плажа од родителите. Апел да се грижиме за децата – се наведува во вчерашната објава на социјалните мрежи во групата „Во живо од Грција“.

Многу корисници на социјалните мрежи ги осудија родителите на детето, сметајќи дека не се грижеле доволно за него.

Многумина апелираа малите деца да не се оставаат без надзор на море ниту за секунда.

Total
0
Shares
Поврзани објави