Непознат човек украл трамвај во Загреб, го повозил, па го оставил

Непознато лице вчера во Загреб украло трамвај, го возело по Трешњевка, каде го оставило и заминало во непозната насока.

„Вчера нешто пред 23 часот, непознат сторител во Трешњевка украл трамвај кој бил подготвен за излегување во сообраќај, го возел кон исток до Тратинска улица, каде го напуштил возилото заминал во непозната насока“, соопштиле од „ZET“ за хрватскиот портал „Index“.

Во трамвајот за тоа време немало патници, а во инцидентот, велат, никој не е повреден и возилото не е оштетено.

Полицијата земала снимки од видеонадзорот во возилото за да го пронајде сторителот, а од „ZET“ велат дека е отворена интерна истрага за утврдување на одговорноста за овој пропуст.

Total
0
Shares
Поврзани објави