Општина Центар не дазволи враќање на Ќосето пред судовите во Скопје

Општина Центар експресно го одби барањето на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, за враќање на споменикот на Андон Лазов-Ќосето во тревникот пред комплексот судови во Скопје.

Тоа е истата локација на која споменикот беше поставен како дел од серијата споменици што беа поставени во главниот град за време на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ. Споменикот беше отстранет во 2018 година, а тогашниот градоначалник Петре Шилегов образложи дека тој е дивоградба.

Неколку месеци по стапување на функцијата, Арсовска рече дека има намера да го врати споменикот кој нејзиниот тим го барал, но како што рече, не можел да го најде.

Постапката за враќање на споменикот на Ќосето, Арсовска ја започна вчера со барање до Општина Центар.

Total
0
Shares
Поврзани објави