Поранешна членка на сектата на Менсон по 50 години ослободена од затвор

Следбеничката на злогласната секта на Чарлс Менсон, Лесли Ван Хаутен, која на 19-годишна возраст помогна во извршувањето на шокантните убиства на богата двојка од Лос Анџелес по налог на насилниот и манипулативен водач на култот, беше ослободена од затвор во Калифорнија во вторникот, откако отслужи повеќе од 50 години од казната за доживотен затвор. Ван Хаутен (73) „е пуштена на условна слобода“, се вели во соопштението на Калифорниското одделение за поправни и рехабилитациски работи. Таа го напушти калифорнискиот затвор за жени во Корона, источно од Лос Анџелес, во раните утрински часови и беше однесена во преодно сместување, рече нејзината адвокатка Ненси Тетро.

Гувернерот на американската сојузна држава Калифорнија, Гевин Њусом, соопшти дека нема да бара од Врховниот суд да ја суспендира одлуката за условно ослободување на Лесли Ван Хаутен, која е во затвор од 1969 година. Канцеларијата на гувернерот соопшти дека жалбата на пресудата на апелациониот суд во Калифорнија малку е веројатно оти ќе биде успешна и дека Њусом е разочаран од одлуката.

Ван Хаутен првично беше осудена на смрт затоа што им помогна на следбениците на Менсон да ги извршат убиствата на трговецот со мешовита стока од Лос Анџелес, Лен Лабијанка, и неговата сопруга Розмери во август 1969 година.

Нејзината казна подоцна беше заменета во доживотен затвор кога Врховниот суд на Калифорнија го суспендираше федералниот закон за смртна казна во 1972 година. Смртната казна подоцна беше вратена, но не можеше да се применува ретроактивно. Семејството Лабјанка беше убиено во нивната куќа, а крвта потоа била измачкана по ѕидовите. Ван Хаутен подоцна опиша како Розмари Лабјанка држела перница над главата додека другите ја боделе. Потоа, по наредба на Менсон, следбеникот Чарлс „Текс“ Вотсон ѝ наредил да „направи нешто“, Ван Хаутен, според нејзиното признание, земала нож и ја избодела жената повеќе од 10 пати. Убиствата се случија еден ден откако следбениците на Менсон ја убија актерката Шерон Тејт и уште четири лица. Ван Хаутен, која тогаш имала 19 години, не учествувала во убиството на Тејт.

Ван Хаутен го запознала Менсон на стар филмски ранч на периферијата на Лос Анџелес каде што го основал своето таканаречено семејство на следбеници. За време на сослушувањето за условно ослободување во 2016 година, таа рече дека убиствата биле почеток на расната војна што Менсон ја нарекол „Хелтер Скелтер“, по песната на Битлси. Тој ги инспирирал своите претежно млади и женски следбеници да извршат убиства, вклучувајќи го и убиството на актерката Шерон Тејт во август 1969 година, за кое во обвинението е наведено дека е дел од планот за поттикнување расна војна. Членовите на неговото таканаречено Семејство се одговорни за серија брутални убиства што се случија во Калифорнија во текот на летото 1969 година.

Total
0
Shares
Поврзани објави