Првата дама на САД е позитивна на ковид-19, тестот на Бајден е негативен

Првата дама на САД, Џил Бајден, е позитивна на тестот за ковид-19, соопштуваат од Белата куќа.

Симптомите на 72-годишната сопруга на Бајден, во соопштението од нејзиниот директор за комуникации, се опишани како благи и таа ќе остане во домот Рехобот Бич, Делавер.

По позитивниот тест на Џил, од Белата куќа велат дека веднаш бил направен тест и на претседателот Бајден, но тој бил негативен. Оттаму додаваат дека претседателот редовно ќе се тестира во текот на оваа недела.

Позитивниот тест на Џил Бајден е само неколку дена пред претседателот Џо Бајден да отпатува на самитот на Групата 20 во Индија.

Си-ен-ен пренесува дека според информациите од официјален претставник на администрацијата во овој момент нема промени во протоколите за ковид во Белата куќа или во распоредот на претседателот Бајден.

Ова е вторпат Џил Бајден да има ковид-19. Претходно таа се зарази со вирусот додека биле на одмор со претседателот и семејството во август минатата година.

Претседателот Бајден последен пат била позитивен на ковид-19 во јули 2022 година.

Total
0
Shares
Поврзани објави