Претпладне облачно, попладне нестабилно со дожд, ветер и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови на повеќе места ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, процеси кои локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време со наврнати над 20 литри на квадратен метер и изолирана појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, а во пладневните часови нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од Скопската Котлината ќе има услови и за појава на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер над 60 километри на час и изолирана појава на град. 

Total
0
Shares
Поврзани објави